Австрија и Данска бараат отворање кампови за бегалци во Албанија
Австрија и Данска инсистистираат на спроведување на нивниот план за изградба на центри за сместување на емигранти, во трети земји кои не се членки на ЕУ, посебно во Албанија, јавија албански медиуми.
Дипломатски извори потврдиле за италијански медиуми дека во тие бегалски кампови ќе бидат сместени азиланти за кои веќе е донесена конечна одлука за нивно депортирање од некоја од земјите на ЕУ, а кои не може да се вратат во земјите на потекло поради недостиг на договор помеѓу страните.
Таков документ кој содржи концепт за изградба на бегалски кампови во трети земји кои не се членки на ЕУ беше презентиран и претходно во Европскиот стратешки комитет за емиграција.
Прашањето за изградба на бегалски кампови на територијата на Албанија беше актуелно во јуни годинава, но албанскиот премиер Еди Рама изјави дека икогаш нема да прифатат такви кампови на ЕУ, бидејќи тоа се сведува,како што рече, на „истовар на очајни луѓе како токсичен отпад што никој не го сака, никаде“
Албанија е подготвена да и помогне на ЕУ рече тогаш Рама,но одби такви кампови да бидат поставени во неговата земја, дури и во рамките на пристапување во Европската унија.
Ново на Сител
-
Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип
-
Утрово Иран започна четврти бран напади врз Израел
-
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
-
Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ
-
Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот за нуклеарната програма
-
Сончево и топло, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
-
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини