Австралиски надбискуп прогласен за виновен за криење на сексуална злоупотреба на деца
Судот во Австралија го осуди надбискупот од Аделаида за прикривање на сексуални злоупотреби на деца во 70-тите години од минатиот век, во државата Нов Јужен Велс.
Филип Вилсон (67) е највисоко поставен католички свештеник во светот, обвинет и осуден за кривично дело.
Надбискупот од Аделаида, на кој му е дијагностицирана рана фаза на Алцхајмерова болест, тврди дека не се сеќава на разговор од 1976 година со Питер Крег, една од жртвите на свештеникот педофил Џејмс Флечер.
Вилсон беше обвинет за прикривање на злоупотребата на Флечер на четири момчиња во 70-тите од минатиот век.
Судија Роберт Стоун изјави дека не го прифаќа тврдењето оти Вилсон не може да се сети на разговорот, а Крег нема мотиви или интерес да мами или да си измислува, пренесува австралиското радио Еј- Би- Си.
Флечер беше прогласен за виновен во 2004 година, по девет обвиненија за сексуална злоупотреба на деца и почина во затвор во 2006 година, каде што отслужуваше казна затвор од околу осум години
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени