Австралијанците за два месеци предадоа 26.000 парчиња нелегално оружје
Австралијанците за два месеци доброволно предадоа околу 26,000 парчиња нелегално и непријавено огнено оружје, како дел од општата амнестија што на 1. јули ја прогласи Владата на Австралија.
Акцијата е покрената за да се помогне во пресметката со растечката терористичка закана и за да земјата се ослободи од ваквото оружје.
Во Австралија е противзаконски да се чува огнено оружје за кое нема дозвола и одобрување.
Сегашната амнестија трае до крајот на овој месец, а секој кој ќе задржи кај себе оружје за кое нема дозвола ризикува висока парична казна и до 225.000 долари, и затворска казна до 14 години.
Во прогласот на Министерството за правда за акцијата, се наведува дека секој кој во овие три месеци самиот ќе го предаде оружјето што го имал сокриено кај себе, нема да одговара за никаков престап.
Министерството е задоволно од текот на акцијата, затоа што во првите два месеци се предавало во просек по 400 парчиња огнено оружје.
- Досега постигневме значителни резултати, што само ќе помогне Австралија да биде побезбедна земја, изјави министерот за правда Мајкл Кинан.
Според полицијата, Австралијанците во своите домови чуваат над 260.000 парчиња разно огнено оружје и друга пратечка опрема за него, повеќе кај организираниот криминал и криминалното подземје, но и кај милитантните групи и организации кои прават терористички заговори.
Министерот Кинан потсетува дека во терористичкиот инцидент во Сиднеј од 2014 година, во едно локално кафуле, напаѓачот користел нерегистрирана пушка, внесена во земјата уште во педесетите години од 20 век.
Австралиските власти во периодот меѓу 1996 и 1997 година, се ослободител од над 640.000 парчиња илегално оружје.
Вакавата операција тогаш била спроведена по злосторството во градот Порт Артур, на островот Тасманија, во кое беа убиени 35 лица, што е најголемото масовно злосторство во историјата на Австралија.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа