Живот
1. March 2017 - 9:55

Австралиец си го нашол добитното лото ливче по една година

Австралиец од Нов Јужен Велс чистејќи го својот автомобил пронашол лото ливче старо една година, па стана милионер.

Човекот, кој претпочита да остане анонимен, за Би-Би-Си вели дека го имал заборавено лозот кој го купил лани во јануари, па кога го пронашол и ги проверил броевите, сфатил дека е добитник на над еден милион долари.

- Среќа што старите торби од автомобилот не ги фрлив во отпад. Малку е глупаво тоа што го бев заборавил лозот цели 414 дена, и можев да ги имам парите порано, но нема врска, сега ги имам, рече среќниот добитник.

Парите ќе се употребат за отплата на куќата на неговите деца и за образованието на своите внуци.