Австралиец и неговото куче преживеале два месеци во Пацификот
Австралискиот морнар Тим Шедок минал два месеци во Тихиот Океан преживувајќи со сурова риба и дождовница, но сега е „стабилен, со нормални витални знаци и се чувствува многу добро“, според тамошните лекари.
Шедок (51) од Сиднеј, и неговото куче Бела во април тргнале од Мексико кон Француска Полинезија, преку најголемиот океан на Земјата. Меѓутоа, неколку недели подоцна невреме го оштетило нивниот брод. Тие беа спасени со рибарски брод изминатава недела откако биле забележани од хеликоптер, објави „9-њуз“.
Кога конечно бил пронајден близу брегот на Мексико, човекот бил многу послаб и со долга брада.
– Минав низ многу тешки премрежиња на море. Сега само ми треба одмор и добра храна, бидејќи долго време бев сам на море… Инаку сум во многу добра здравствена состојба. Успеав да избегнам изгореници со тоа што се засолнував под натстрешницата на својот брод, појасни Шедок, додавајќи дека и неговите риболовни алатки и вештини му помогнале да преживее.
Набргу по спасувањето, тој е виден видно насмеан додека лекарите му мерат крвен притисок. Искусниот рибар засега е во состојба да консумира мали оброци.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд