-->
-->
Аврамопулос: Се уште немаме започнато разговори со новата Влада за преселба на мигранти во Македонија
-->
Комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство на Европската унија, Димитрис Аврамопулос, денеска од Стразбур порача дека Европската комисија се уште не почнала разговори со новата Влада на Република Македонија во однос на прием и подолго сместување на поголем број на мигранти на македонска територија.
Како што јавува дописникот на МИА, Аврамопулос не сакаше да потврди дали ЕУ стои зад изградба на голем бегалски камп за прием на повеќе илјади бегалци во Демир Капија, со цел прием на поголем дел од 100-те илјади бегалци сместени на територија на Грција, но не негира дека Брисел планира да започне разговори со новата македонска Влада за помош во преселбата и разместувањето на бегалците.
- Немам ништо да потврдам. Ние се уште не сме почнале дискусии со новата Влада на ПЈР Македонија. Во моментот кога ќе почнат дискусиите, да, ние сме тука да поддржиме и да им помогнеме на сите земји во регионот, како што тоа и досега го правевме, истакна коемсарот Аврамопулос.
Првиот човек за миграциски прашања на ЕУ, потсети и дека Македонија е корисник на важна финансиска поддршка од Еврокомисијата за бегалската криза, па од нашата земја, како и од останатите долж западно-балканската мигрантска рута, тој побара солидарност со своите соседи во справувањето со мигрантскиот наплив.
- Она што го сакаме од сите земји во регионот, од земјите од Западен Балкан или од тие што се на таканаречениот балкански коридор е да соработуваат со соседите во духот на солидарност, за што ќе имаат целосна поддршка од Европската комисија. Но, досега не се започнати никакви дискусии со новата Влада на земјата, иако се надеваме дека многу наскоро тоа ќе се случи, додаде Аврамопулос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни