Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите
Последниот авион што полета од Дамаск, пред сириските бунтовници да го преземат градот, исчезна од радарите веднаш по полетувањето над градот Хомс, кој е под контрола на бунтовниците, објавија веб-страници за следење летови, пренесува „Ал Џезира“.
Претходно, западни медиуми, повикувајќи се на неименувани воени команданти, јавија дека сирискиот претседател Башар ал Асад утрово со авион избегал од Дамаск на непозната локација.
Според медиумите, Асад се качил во авион „Иљушин 76“ на „Сиријан ер“ со број на лет 9218. Информативниот портал „Вала“ наведува дека, според неименуван израелски функционер, Асад синоќа полетал од Дамаск до руската воздухопловна база Хмеимим, со намера оттаму да продолжи кон Москва.
Овој израелски функционер се повика на наводните сознанија од американски официјални лица дека Асад го напуштил Дамаск со намера „да побегне во Русија“.
Сириските опозициски сили денеска објавија дека го презеле Дамаск. Лидерот на опозицијата, Абу Мохамед ал Џулани, нагласи дека јавните институции ќе останат под надзор на поранешниот премиер до официјалното предавање на власта.
Премиерот Мохамад Гази ал Џалали изјави дека останува во Дамаск и е подготвен за соработка со опозицијата за функционирање на јавните институции.
Ново на Сител
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство