Свет
16. November 2024 - 9:12

Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас

Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“ полн со патници бил погоден со куршум од пиштол додека се движел на пистата на аеродромот Лав Филд во Далас, соопштија денеска локалните власти.

Авионот се подготвувал да полета за Индијанаполис кога куршум ја погодил десната страна на авионот под пилотската кабина, изјави портпарол на „Саутвест ерлајнс“ за Си Би Ес.

Авиокомпанијата соопшти дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас изјави дека патниците биле симнати, авионот се вратил во депото, а пистата била накратко затворена.

Полицијата во Далас го потврди инцидентот, посочувајќи дека инцидентот се случил во 21:48 часот по локално време. Не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на инцидентот или кој пукал.