Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги повика талибанците да го положат оружјето
Авганистанскиот претседател, Ашраф Гани, денеска ги повика талибанците да „се охрабрат и да прогласат примирје на национално ниво“ по повод посетата на Доха, каде мировните разговори меѓу владата и талибанците наидуваат на застој.
По дводневната посета на Катар, Гани на прес-конференција кажа дека долготрајниот конфликт во Авганистан треба да се реши преку преговори, а не со оружје.
-Не плашете се од примирје, никој нема да ве уништи, рече тој, обраќајќи им се на талибанците пред голем број дипломати и студенти од универзитетите, три недели откако двете страни ги почнаа мировните разговори.
Целта на преговорите во Катар е да запре 19-годишната војна во Авганистан, но нив ги попречуваат различните ставови на двете страни за правилата на однесување за време на преговорите.
Главните прашања, вклучувајќи го и примирјето, се уште не се дискутирани.
-Дваесетгодишната војна не може да се запре за дваесет дена, изјави Гани пред новинарите.
Талибанците и владата не се имаат состанато речиси една недела, но неформалните разговори се уште траат, додаваат од двете страни.
Во меѓувреме, конфликтите и натаму беснеат во земјата. Во бомбашки напад во понеделеникот врз гувернер на една покраина загинаа осум лица.
Во Доха, двете страни не можат да се согласат на кој јазик да зборуваат и која верзија на исламот да се практикува во земјата.
Талибанците, поддржувачи на строгото толкување на исламот, сакаат да се придржуваат кон ханафизмот, сунитското исламско учење, но, владините преговарачи предупредуваат дека тоа може да се искористи против Хазарите, кои во мнозинство се шиити, како и против другите авганистански малцинства.
Ново на Сител
-
Протест на земјоделците во Брисел со барање за „силен“ буџет за земјоделството
-
Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе