Авганистанки протестираа пред Амбасадата на Иран во Кабул
Талибанците денеска пукаа во воздух за да ги растераат жените, кои пред Амбасадата на Иран во Кабул изразуваа поддршка на Иранките кои со денови протестираат.
Околу 25 жени пред Амбасадата на Иран извикуваа „Жена, живот, слобода“, „Иран станува, сега ние сме на ред“, „Од Кабул до Иран, кажи не на диктатурата!“.
Собирот беше растурен по 15 минути откако талибанците ги растераа жените пукајќи во воздух. Некои од нив се обиделе и да ги удрат демонстрантките со кундаците од пушките.
Талибанците им наредија и на новинарите да ги избришат снимките и фотографиите од протестите.
Секоја вечер во Иран се одржуваат демонстрации од 16 септември, кога 22-годишната Махса Амини почина во болница, три дена откако беше уапсена во Техеран поради кршење на строгиот кодекс на облекување на жените во Исламската Република Иран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија