Кошарка
21. March 2018 - 11:37

АВ Охрид домќин на Крка

Охриѓани против Крка во последниот меч од АБА 2 пред својата публика
 
Кошаркарите на АВ Охрид попладнево ќе го одиграат последниот меч во регионалната Втора АБА лига, пред својата публика. 
 
Охриѓани го пречекуваат тим Крка кој се бори за највисок пласман, во меч од претпоследното 21.коло. 
 
Охриѓани кои се заковани на дното на табелата со дури 19 порази, тешко е да се поверува дека  ќе можат токму против силниот словенечки тим да ја остварат првата победа, се разбира не сметајќи ја единствената досега односно службениот триумф над Босна. 
 
Дуелот во Билјанини Извори ќе започне од 17 часот