-->
-->
Ауди се заби во трактор - две лица повредени
-->
Вчера во 18,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Тетово, се случила сообраќајна незгода во која се судриле патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ф.А.(31) од с.Буковиќ-скопско и трактор „ИМТ“ со скопски регистерски таблици на кој била прикачена приколка, управуван од Е.Ј. (55) од с.Чајлане-скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.Ј., а со телесни повреди се здобил Ф.А. и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се реконструира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет