-->
-->
АТП Мадрид: Финале Ѓоковиќ-Мареј
-->
Двајцата најдобри тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид. Првиот светски рекет Ѓоковиќ во полуфиналето го совлада Кеи Нишикори, додека Мареј, кој ја брани титулата во Мадрид, во реприза на ланското финале славеше над Рафа Надал.
Новак Ѓоковиќ не блескаше во полуфиналето против Нишикори, но сепак успеа да слави во два сета 6-3, 7-6.
Енди Мареј водеше голема борба со Надал, подобро ги користеше брејк шансите и на крајот славеше 7-5, 6-4.
Мареј, в недела од 18:30 часот, ќе ја брани титулата во Мадрид, а Ѓоковиќ по 2011 година, кога го освои турнирот, повторно е во финалето. Ѓоковиќ во изминатите две години не настапуваше на овој турнир.
Финалниот меч ќе биде 32-от меѓусебен дуел на овие двајца тенисери, а Ѓоковиќ води со 22-9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи