-->
-->
АТП: Ѓоковиќ прв со 16 илјади поени
-->
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не само што го освои 10-тиот Грен слем трофеј со триумфот на Флешинг медоус, туку и го сруши рекордот на Надал откако стана првиот тенисер што ја минува границата од 16.000 освоени АТП поени.
Со овој рекорд популарниот Ноле најмалку до средината на 2016 година ќе биде лидер.
Ѓоковиќ сега ќе има 16.145 поени, и ќе биде 164 седмица на лидерското место. Сега предизвик ќе биде да се надмине рекордот на Џо Меникро кој на првото место на АТП листата беше 170 седмици. Тоа и повеќе од сигурно ќе биде постигнато.
АТП во 2009 година го смени системот на бодување, па за титула на Грен слем се добиваат по 2.000 поени, место 1.000, а за Мастерс турнирите вредноста за победа е 1.000. Од тогаш, рекордот го имаше Рафаел Надал со 15.360 поени од 1 мај 2009 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир
-
Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени
-
Уапсено лице за фалсификување монети во акција на македонската и косовската полиција
-
Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
-
Приведено 20-годишно лице од Скопје, барано со потерница за казна затвор
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница