-->
-->
ATП: Ѓоковиќ прв, Мареј повторно втор
-->
Енди Мареј се врати на втората позиција на АТП листата, откако во неделата ја освои титулата на Мастерс турнирот во Рим.
Мареј, во Рим, во два сета 6:3, 6:3 го победи Новак Ѓоковиќ и си го обезбеди статусот на втор носител на претстојниот Ролан Гарос, што значи дека со Србинот нема да може да се сретне пред евентуалното финале.
Британецот има 8.435 бодови на второто место, додека на првата позиција Ѓоковиќ има комотна предност со 16.550 бодови.
Трет на листата е Роџер Федерер (7.105), а потоа следуваат Стан Вавринка (6.110), Рафаел Надал (5.675), Кеи Нишикори (4.470), Жо-Вилфред Цонга (3.355), Томаш Бердих (2.850).
Во Топ 10 се случија две промени, Милош Раониќ напредуваше за една позиција и се наоѓа на деветтото место (2.785), а Ришар Гаске од 12-то се искачи на 10-то место (2.725).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости