-->
-->
Атентатите се одразија на посетеноста на хотелите во Париз
-->
Во ноември 2015, месецот на последните напади во Париз, бројот на ноќевањата во Франција се намалија за 1,7 отсто, додека во Париз за 11,9 проценти, во споредба со истиот месец во 2014 година, јавува дописникот на МИА од Париз.
Статистичките податоци кои ги соопшти Националниот институт за статистички и економски студии, покажуваат дека атентатите од 13 ноември се одразија силно врз туризмот во Париз.
На почетокот на месецот, пополнетоста на хотелите беше глобално поголема во споредба со истиот период во 2014 година, следејќи го подобрувањето забележано од летото 2014.
Во текот на третата и четвртата седмица од ноември забележано е намалување од шест проценти во Франција и дури од 25 отсто во Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа
-
Игротеките и училиштата ризик за ширење на заразни заболувања помеѓу децата
-
СДСМ: Мицкоски понуди платформа што самиот не ја почитува
-
ВМРО-ДПМНЕ повика ДКСК и ЈО да го проверат имотот на Филипче
-
ДЗС остана само со еден функционален „Ер трактор“
-
Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери
-
Протекува кровот на штипскиот Народен театар, а недостасува и технички кадар
-
Преглед на вести од светот