Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од Владата да има претставници во работните групи со Бугаријa
ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од Владата да има претставници во работните групи со Бугарија, а доколку и добие покана опозициската партија нема да учествува зашто така би била декор на власта и би дала легитимитет на нивното погрешно функционирање, рече партискиот портпарол Димче Арсовски.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој додаде дека собраниската Комисија за надворешни работи е местото каде што власта треба да учествува и да одговора на нивни прашања.
-Ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат на прашања и ги бараме одговорите на тие прашања. Министерот Бујар Османи упорно бега да даде одговори и не учествува на Комисијата. Претходно истото беше случај со Никола Димитров, а сега е со Бујар Османи. Така што, еве, повик јавно Бујар Османи да земе учество во таа Комисија за надворешни работи во Собранието на иницијатива на нашиот сопартиец Антонијо Милошоски и да одговори на сите прашања коишто ги бара јавноста, граѓаните, опозицијата и сите останати чинители во Република Македонија, рече Арсовски.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?