Арсовска изврши увид во завршната фаза од реконструкцијата на улица „Бутелска“
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид на завршната фаза од градежните работи за реконструкција на улицата „Бутелска“.
– Град Скопје ја реконструира улицата „Бутелска“ од вкрстувањето со улица „Александар Урдаревски“ до приклучокот кон обиколницата. Реконструкцијата на коловозот е на површина од 7.687 квадратни метри и должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел. Целосно се реконструираат оштетените тротоари и автобуските постојки, соопшти Град Скопје.
Во исто време, како што додаваат, се преземаа активности за подобрување на водоводната линија Ф400 со цел намалување на можности од дефекти на ново-асфалтираната улица во иднина поради дотраеност. За атмосферската канализација се изработува дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија.
– Со реконструирање на улицата „Бутелска“ се решава децениско барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се олеснува функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, наведуваат од Градот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период