Арсовска: Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска извршија увид во изградбата на новата фекална канализација на улицата „Софиска“ во населбата Тафталиџе во Општина Карпош.
– Реализираме проекти за подобрување и унапредување на инфраструктурата во Општина Карпош, а истовремено решаваме долгогодишни проблеми на околните жители со инфраструктурата во овој дел на градот. На улицата „Софиска“ во населбата Тафталиџе изградена е нова линија по самата улица, а се интервенираше и на постоечкиот систем во оваа населба со цел подобрување на досегашниот начин на одведување на отпадните води, рече Арсовска.
Новата линија за одведување на отпадните води со вкупна должина од 410 метри, се приклучи на постоечката фекална канализација на улицата Московска со дијаметар од 400мм.
– Изградбата на нова фекална канализација во Тафталиџе е уште една од низата планирани инвестиции на ЈП Водовод и канализација, чија реализација е завршена во предвидениот временски период. Продолжуваме посветено да работиме на изградба на нова и на подобрување на постоечката водоводна и канализациона мрежа во Скопје, истакна Перински.
Ново на Сител
-
ОЈО ја прошири истрагата за екс генералниот секретар на Владата
-
Повторно активиран пожарот кај охридските села Вапила и Сирула
-
МПСОЗ: Демантираме дека отпуштените од ЈП „Комунална Хигиена“ се вработени според Програмата K5
-
Ивановска: Спорот меѓу обвинителството и финансова ги покажува системските слабости во функционирањето на двете институции
-
Претреси во Скопје
-
ЦУК: До овој момент нема активни пожари
-
Влада: Со „Отворен Балкан“ ќе добиеме работна сила во дефицитарните дејности
-
МОН: Формирана Комисија за повлекување на учебникот Социологија за втора година гимназиско образование