Арсовска: Да негуваме соживот, почит на различностите, солидарност и единство
– Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска упати честитка по повод Денот на независноста – 8 Септември.
-По вековни борби за самостојност македонските граѓани на 8 Септември 1991 година решително го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија.
Во изминатите години славејќи и радувајќи се на независноста, поминавме низ бројни искушенија и останавме доследни на нашите заложби Македонија да се гради како силна демократска држава. Тоа силно чувство за сопствената држава, да го пренесеме на новите генерации, да продолжиме да ја градиме Македонија со заложби и реформи за економски силна, развиена и успешна држава, напиша Арсовска на Фејсбук.
Таа апелира да ја негуваме вековната традиција на соживот, со почит на различностите, солидарност и единство токму во моментите кога, како што наведува, се соочуваме со најголеми предизвици на нашето време.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“