Фудбал
17. August 2023 - 15:22

Арапите богато го наградуваат Нејмар покрај договорот од 100 милиони годишно

Бразилскиот репрезентативец Нејмар потпиша голем договор со тимот од Саудиска Арабија, Ал Хилал.

Покрај 100 милиони евра годишно на 31 годишниот фудбалер му следуваат и голем број благодети:

- Куќа со 25 спални соби.

- Базен со димензии 40 x 10 метри и три сауни.

- Пет вработени во куќата со полно работно време.

- Три коли: Бентли, Астон Мартин и Ламборџини.

- 24 часовен возач на располагање.

- Сите сметки од хотели, ресторани и разни услуги ќе бидат испратени до седиштето на клубот за да се платат..

- Приватен авион на располагање.

- 500.000 евра за секоја објава на социјалните мрежи што ја промовира Саудиска Арабија.