Македонија
19. October 2018 - 14:18

Апелација ја испрати пресудата за Груевски до Кривичен суд

 Второстепената пресуда од Апелацискиот суд за предметот „Тенк“ за Никола Груевски и Ѓоко Поповски  денеска е доставена до Кривичниот суд.
– Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството
означен како „Тенк“ од Апелацискиот суд – Скопје денеска беше доставена
до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на
понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот
период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во
постапката, соопшти Кривичниот суд.
 
Апелацискиот суд ја потврди затворска казна од две години за  поранешниот премиер ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а ја намалената казна од 6,5 на 4,5 години затвор за поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. 
 
ФОТО: МИА