Апел за помош за семејството Давчеви од Велес
Шестчленото семејство Давчеви од Велес, кое минатата година во пожар го изгубија нивниот дом и се што спечалиле во животот, апелира за помош за обнова на куќата.
Ленче и Велибор заедно со нивните ќеркички, шестгодишната Тина, четиригодишната Сара, двегодишната Стефани и неколку месечната Ивона во моментов живеат во Теово, родното село на Велибор, во трошната куќа на неговата мајка, каде се вратиле по неколку месеци престој кај роднини и без можност да плаќаат кирија во градот. Во полураспаднатата куќа оддалечено 40 километри од Велес, веќе седум месеци живеат во услови кои се под секое човечко достоинство, без вода и струја.
Периодот на дождови кој што претстои уште повеќе ја зголемува опасноста по животот на ова семејство. Итно им е потребна помош за обновување на опожарената куќа во Велес која што е изградена до карабина, за до пред почетокот на зимата да се прилагоди за живот барем една соба.
На апелот кој што го упати оваа семејство до јавноста, засега главно помош добиле од нивните роднини, но и некои добри луѓе кои што им помагаат да ја подигнат куќата во Велес и да обезбедат основни услови за живот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“