Македонија
24. February 2023 - 17:34

Апасиев: Премиерот Таче и дофрли на пратеничката Бети дека е „ружна“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку социјалната мрежа Фејсбук, тврди дека претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на собраниска седница, од место и дофрлил на пратеничката Бети, дека жената на премиерот била убава, а Бети била „ружна“.

„Премиерот Таче, на собраниска седница, од место и дофрли на пратеничката Бети: „Жена ми барем е убава, а ти си РУЖНА“.

Ајмо, Хелсиншки, фемини, џинџер-еквалити и остала соросписка боранија... Три, два, еден - позор, сад“, стои во објавата на Апасиев на ФБ.