-->
-->
Апаратот за мамографија во Штипската клиничка болница повеќе од една година не работи
-->
Во Клиничката болница во Штип повеќе од една година не работи апаратот за мамографија.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека делот кој е потребен за поправка е порачан од октомври минатата година.
- Во тек е набавка на делот кој недостига. Има еден единствен овластен сервисер за тој апарат. Меѓутоа за мене од нејасни и неразбирливи причини, сервисерот се уште го нема набавено делот, кој треба да го вгради, за мамографот да се стави во функција, посочи Ѓеорѓијев.
Пациентите од општините Штип и Карбинци прегледите на дојката ги прават во Свети Николе, или закажуваат прегледи приватно во Кочани. Овој компјутерски мамограф е релативно нов, а во болницата е инсталиран во 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница