Тенис
24. January 2017 - 14:30

АО: Федерер се избори за полуфинале со Вавринка

На Грен слемот Австралија Опен во машка конкуренција позната е првата полуфинална двојка, откако денеска се одиграа два четвртфинални меча.
 
На првото четвртфинале победникот на овој турнир од 2014 година Стан Вавринка од Швајцарија со 3:0 во сетови го совлада Жо-Вилфред Цонга (Франција). По сетови (7:6; 6:4 и 6:3).
 
Во второто четвртфинале Рожер Федерер (Швајцарија) го совлада Миша Зверев (Германија) исто така со максимални 3-0, по сетови 6:1; 7;5 и 6:2. Ова за Федерер ќе биде 41.во полуфинале на Грен слем турнирите.
 
Двајцата Швајцарци в четврток со почеток во 9 часот ќе се борат за пласман во финалето.
 
Утре играат:
Давид Гофин (Белгија) – Григор Димитров (Бугарија) и 
Рафаел Надал (Шпанија) – Милош Раониќ (Канада).