Живот
17. November 2015 - 9:51

Антонио Бандерас сака да стане моден дизајнер

Шпански актер Антонио Бандерас и покрај преголемата ангажираност во Холивуд, сака да стане и моден дизајнер.

Славниот актер досега се обиде како режисер и продуцент, но сега сака да научи нов занает и да го освои светот на модата.

Деновиве тој го посетува академијата „Сентрал Сент Маринс“, која важи за еден од водечките колеџи на модниот дизајн во светот. Меѓу студентите на овој колеџ биле и Стела Мекартни и Џон Галијано.

Страста кон мода не е нова за Бандерас и таа датира уште од времето кога го лансира неговиот прв парфем.

- Во последните 19 години работев на неколку парфеми, а тој свет е близок на светот на модата, вели популарниот „кршач на срца“, кој во меѓувреме основа и компанија за дизајн.

Иако има успеси на планот на модата, Бандерас сака и дополнително да се образува.

- Сакам се да научам, изјави Бандерас во интервју за списанието „Пипл“.

Тој објасни дека веќе научил да креира сопствени кошули, а моментно учи да прави скици и цртежи и да шие, што, како што призна, е многу тешко отколку што мислел.