Анкета:Се намалуваат приврзаниците на останувањето на Велика Британија во ЕУ
Се намалува бројот на Британците кои го поддржуваат останувањето на Велика Британија во Европската унија, а изминатите недели е забележан пад од 54 на 49 проценти, покажуваат податоците од истражувањето на институтот Ипсос Мори.
Претходно такво истражување е извршено во Велика Британија во февруари. Тогаш за излез на земјата од ЕУ се изјасниле само 36 отсто од анкетираните, а сега со таков став се 41 отсто од анкетираните.
Според експертите ваква драстична промена на јавното мислење за толку кратко време се должи на новиот бран од миграциската криза во Европа.
Според нив случувањата на границите на ЕУ, како и секојдневните инциденти со нелегалните мигранти во францускиот град Кале, во непосредна близина на Велика Британија, поттикнале голем број Британци да го променат своето мислење за предностите на обединета Европа.
Ипсос мори нагласува дека последното истражување е спроведено на примерок од илјада жители меѓу 19 и 22 март, односно пред нападите во Брисел.
За 23 јуни во Велика Британија е закажан референдум, на кој граѓаните треба да одлучат дали ќе останат во ЕУ или ќе си заминат од неа. Конзервативниот премиер Дејвид Камерон е приврзаник на идејата за останување на Велика Британија во една реформирана ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Утре и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола
-
МОН: Од денеска почнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови
-
Поевтинуваат горивата
-
Три од децата ќе бидат пуштени дома
-
Бешлиовска: Очекуваме аргументи во случајот со бебето на Детска
-
Земале подарок за да не напишат казна, кривична за тројца полицајци
-
Мицкоски: Потребни се 500 милиони евра и затоа толку се договорени со Унгарија
-
Целосна забрана за движење во шумите од денеска