Македонија
1. April 2024 - 16:53

Анкета: Силјановска 20% - Пендаровски 11%

Силјановска има двојно поголема поддршка од Пендаровски во пресрет на претседатлеските избори, покажува последната анкета која по нарачка на порталот МКД ја спроведе Маркет Вижн. Според неа, на претседателските избори за Силјановска би гласале 20% од анкетираните, а за Пендаровски нешто под 11.

Во албанскиот блок Османи има речи си 8% рејтинг а Таравари нешто под 6. 

Во дуелот на малите партии води Димитриевски кој е близу 7%. Ванковска е под 3, а Јакимовски под 1%.

Близу две третини од граѓаните сметаат дека Пендаровски не заслужува втор мандат а оценката за неговата работа на скалата од 1 до 10 е оценета со четврока.

Оттука, една третина од граѓаните очекуваат Силјановска да победи на изборите, додека победа на Пендаровски очекуваат нешто над 18%.

Ако овие двајца кандидати влезат во вториот круг тогаш Силјановска би победила со 32.2% од гласовите додека Пендаровски би освоил 25.5%

Анкетата на порталот предвидува висока излезност на претседателските избори од над 72%

Истражувањето е спроведено телефонски во периодот од 15 до 24 март, врз репрезентативен примерок од 1200 испитаници со 3% маргина на грешка.