Анкета „Павел Шатев“: граѓаните веруваат во ветувањата и можност за реализација на ВМРО - ДПМНЕ

Ова се резултатите од третиот дел на анкетата спроведена во периодот помеѓу 29 Август и 1 Септември 2017 година од страна на Институтот „Павел Шатев“ на 1250 испитаници.
На прашањето „На која партија и верувате повеќе дека ќе ги исполни своите предизборни ветувања кон граѓаните“, 36,4 проценти одговориле дека тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ. Само 16,7 проценти дале одговор СДСМ.
„Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која партија сметате дека може да обезбеди повисок економски раст и отворање на нови работни места“ е второто прашање од третиот дел на анкетата. Дури 53,5 проценти од анкетираните граѓани истакнале дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Следејќи ги политиките на СДСМ, граѓаните истакнуваат дека немаат доверба дека СДСМ ќе отвори нови работни места. Само 20,4 проценти на ова прашање одговориле дека веруваат во партијата на Зоран Заев.
Истражувањето беше спроведено на ниво на Република Македонија. Беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
Ново на Сител
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот