Анкета: Мнозинството Европејци сметаат дека мигрантската криза е влошена во текот на изминатата година
Околу 79 проценти од испитаниците во Италија, 67 отсто во Франција и 53 проценти во Велика Британија веруваат дека мигрантската криза во нивните држави е влошена во текот на изминатата година, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Ифоп“ за „Спутник“.
Оваа бројка во Германија и Шпанија изнесува 45 проценти, а најниска е во Полска со 35 отсто.
Според резултатите од истражувањето само 16 проценти од испитаниците во Германија, седум отсто во Франција, Шпанија и Велика Британија, шест проценти во Полска и два отсто во Италија гледаат напредок во ситуацијата.
Најголем дел од незадоволните испитаници се поддржувачи на десничарски партии и луѓе над 35-годишна возраст. Исклучок е Полска, каде политичките ставови не влијаат во голем дел на резултатите и Германија, каде ист став имаат луѓе од различни возрасни групи.
Во САД 38 проценти од испитаниците сметаат дека мигрантската криза е влошена, 19 отсто бележат позитивен тренд и 33 проценти не гледаат никаква промена.
Истражувањето е спроведено од „Ифоп“, најстарата рејтинг агенција во Франција, во периодот од 22 до 26 октомври годинава. Со истражувањето се опфатени 7.043 испитаници над 18-годишна возраст во Франција, Германија, Италија, Полска, Велика Британија и САД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?