Анкета: Еден од двајца Грци сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока
Половина од анкетираните Грци, односно 51 отсто, сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока, а 36,8 проценти во правилна насока, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „About people“ за грчкиот информативен портал „Њуз247“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во анкетата посветена на надворешната политика на Грција, со акцентот ставен на односите со Турција, од испитаниците било побарано да го изразат нивниот став и за Договорот од Преспа, односно дали тој бил во правилна или погрешна насока, две години по ратификацијата во грчкиот Парламент, на 25 јануари 2019 година.
Од анкетираните, 36,8 отсто оцениле дека договорот веројатно е во правилна насока, а мнозинството од нив, односно седум од десет на минатите избори гласале за СИРИЗА, а 23,4 проценти за Нова демократија.
Од оние 51 отсто што сметаат дека договорот веројатно бил во погрешна насока, седум од десет, односно 67,6 отсто на минатите избори гласале за Нова демократија, 23,1 проценти за СИРИЗА, а 56,9 отсто гласале за друга партија.
Останатите 12,2 отсто, за конкретното прашање за Договорот од Преспа ја одбрале опцијата „не знам/не сакам да одговорам“.
Истражувањето на јавното мислење било спроведено на 27 и 28 јануари со учество на 928 лица со право на глас.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром