Анкета: Бајден го зголеми водството против Трамп до 13 отсто
Поранешниот потпретседател Џо Бајден води со 13 процентни поени пред актуелниот претседател Доналд Трамп во најновата анкета на агенцијата Ројтерс и консултаните од „Ипсос“.
Според анкетата, 48 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, веројатен кандидат за претседател на Демократската партија на изборите закажани во ноември, додека 35 проценти укажале дека ќа гласаат за Трамп.
Претседателот на САД започна да ја губи поддршката во изминативе месеци, соочен со наплив од критики за тоа како неговата Администрација се справува со кризата предизвикана од коронавирусот и како одговори на бранот протести поради полициските убиства на Афроамериканци по смртаа на Џорџ Флојд.
Педесет и три отсто од испитаниците изјавиле дека тие не одобруваат како власта се справува со пандемијата, од која досега починаа над 115 илјади Американци. Само 40 отсто даваат поддршка за тоа како власта се справува со пандемијата.
Од друга страна, според анкетата, две третини од испитаниците ги поддржуваат протестите против полициската бруталност кои веќе три недели се одвиваат во САД.
Трамп пак, е критички настроен кон демонстрациите, кои на моменти се насилни со ванадализирање и уништување на приватна и државна соптвеност. Тој, повеќе пати досега се закани со употреба на воена сила за растерување на демонстрациите.
Со рејтинг од само 38 отсто, популарноста на претседателот е најниска по мерењата на јавното мнение во ноември, за време на процесот за негов импичмент што тогаш беше отворен во Конгресот.
Сламката за спас Трамп може да ја бара во економијата. Според анкетата, каде 43 отсто испитаници ја одобруваа тнеговата економска политика и сметаат дека тој ќе биде поуспешен во оваа област од неговиот противкандидат, Бајден, кого го одобруваат 38 отсто од испрашаните.
Анкетата била спорведен од 10 до 16 јуни со 4.426 испитани регистрирани гласачи и со маргинна на грешка од 2 процента.
Ново на Сител
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите
-
Три лица, од кои еден малолетник, пресретнале возило, го нападнале возачот и му го одзеле мобилниот телефон
-
Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда
-
„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување