Анимирани филмови на „Festival on Wheels 2015“ викендов во Дојран
Караванот на Второто издание на фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија „Festival on wheels 2015” викендов продолжува во Стар Дојран.
Најмладите љубители на филмската уметност ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на анимирани филмови од најновата европска продукција, кои својата проекција ќе ја имаат под отворено небо, на големото монтажно платно кое ќе биде поставено на Градската плажа во Стар Дојран.
Вечерва ќе бидат прикажани анимираните филмови „King Rusty“ и „Амазонија“, а утре анимациите „Worldturner circus-incredibile space journey“ и „Why I did (not) Eat My Father“.
Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на РМ, а во соработка со општина Дојран.
И оваа година фестивалот ќе има свои изданија во Струга, Дојран, Штип, Куманово и Прилеп. Во секој град ќе се одржуваат тематски проекции на филмови од различни европски филмски центри, со тематски филмски работилници водени од еминентни филмски работници, како и неделно детско матине со проекција на анимирани филмови.
Ново на Сител
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани