-->
-->
Ангеловски: Подготвени сме за добар резултат
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија веќе два дена се наоѓа во Хаифа, Изреал каде вечерва во 20:45 часот (21:45 по локално време) го игра натпреварот од 7.коло од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018. Играчите синоќа имаа можност и да тренираат на стадионот „Сами Офер“, кој е со капацитет од 30.780 гледачи каде ќе се игра натпреварот.
На прес конференцијата селекторот Игор Ангеловски истакна:
- Во Скопје победи Израел, ние создадовме многу шанси, а се надевам дека на овој натпревар ќе имаме и добра реализација. Верувам во овој избор на играчи и мислам дека имавме добри подготовки и во натпреварот ќе влеземе максимално спремни за да постигнеме добар резултат.
Јунак на дуелот во Скопје беше голамнот на Изреал, Гореш кој го одбрани и пеналот на Едис Јаџовиќ во последната минута.
- Не го знам составот на противникот, кога ќе го имам ќе можам по конкретно да кажам нешто. Се надевам дека кој и да биде на голот нема да биде така успешен како голманот на Изреал на дуелот во Скопје, изјави Ангеловски.
Македонија и Израел имаат одиграно четири натпревар меѓусебе и Израел има победи на сите дуели.
Натпреварот ќе го суди Алексеј Есков од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина
-
ДПА: Повеќето герамански гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД
-
Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците
-
Oблачно со услови за дожд
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада