Ангеловска: Најбрзо ги очекуваме средствата од ММФ, согласно потребите ќе се носат и нови мерки
Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да дојдат во текот на месецов, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“.
Посочи дека ќе се користат средства и од Светската банка, Европската унија, како и од обврзницата за премостување. Овие средства, како што рече, ќе се користат повеќе месеци согласно потребите за вбризгување во стопанството, а ќе се носат и нови мерки.
– Зборуваме со Светска банка, а и вицепремиерот за европски прашања соопшти дека и од Европската унија добиваме одредена помош, онаа награда од 50 милиони евра, потоа заем до еврообврзница. Најбрзите средства што ги очекуваме се од Меѓународниот монетарен фонд, а потоа од сите останати до почетокот на мај или крајот на април. Овие средства не се само за еден месец, овие средства се доволни за да функционираме следните месеци зависно од тоа колку ќе бидат потребни пари за вбризгување на ликвидност во економијата. Ова се првите мерки што се презентирани, понатаму ќе ја следиме состојбата, ќе видиме како ќе биде искористувањето и одвивањето на настаните, за да повлекуваме и други чекори кои ќе бидат потребни, истакна Ангеловска.
Најави дека на некоја следна владина седница треба да помине писмото за намери кон ММФ, кое е потпишано и од дополнителната заменик министерка.
Ангеловска посочи дека годинава по основ на надворешен долг доспеваат за исплата 440 милиони евра, додека планот на домашниот пазар на хартии од вредност е да се издадат хартии од вредност во износ од 450 милиони евра, од кои дел се презапишуваат за враќање на стари обврски, а нето задолжувањето е планирано на нето од 200 милиони евра.
– Дел од тие стари долгови од 440 милиони се веќе вратени – поголемиот дел во јануари, додека другиот дел доспева во декември, на крајот на годината, што е на некој начин поволно бидејќи немаме дополнително потреба за враќање на стари долгови во следните два квартали, оцени Ангеловскa.
Ново на Сител
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите