Ангеловска: Информирај се онлајн или телефонски за твојата картичка
Заштити се, не ризикувај! Сите граѓани ќе ги добијат своите домашни платежни картички според распоредот на печатење и издавање! Одењето во банка и чекањето во редови е непотребно и не го забрзува процесот, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска во објава на својот Фејсбук профил.
Таа упатува апел и молба до сите корисници на домашна платежна картичка да го почитуваат процесот и правилата за доброто на сите.
-Не го ризикувајте здравјето и избегнете одење во банките и чекање во редовите. Сите 320.000 граѓани ќе ги добијат своите картички во предвидениот рок, најдоцна до 18.ти јули. Секоја банка има свој распоред на печатење и издавање на картичките. Одењето во банка нема да го забрза процесот и доколку картичката не е изработена нема да може да биде издадена. Ако имате прашање за банката издавач – контакт центрите на сите банки стојат на располагање. На kupuvamdomasno.gov.mk внесете го својот ЕМБГ. Проверете која банка ќе ви ја издаде картичката и кликнете на линкот на банката. Тука ќе ги добиете сите информации за кога вашата картичка ќе биде готова. Банките и преку СМС ги известуваат корисниците на картичката кога истата може да ја подигнат или кога ке им биде доставана на домашна адреса. Посетете ги страните на банките издавачи за информирање, а доколку и понатаму имате прашања нивните кол центри ви стојат на располагање, наведува Ангеловска.
Потенцирајќи им на граѓаните да не ризикуваат кога нема потреба ги предупредува дека не знаат дали некој во редот до нив е носител на КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника