Ангеловска-Галовеј: Билатерален договор за партнерство за да продолжи позитивниот тренд во размената меѓу двете земји
Економската соработка меѓу Република Македонија и Велика Британија, новата реалност што ја диктира Брегзит и обезбедувањето поддршка за имплементирање на проектот за подобрување на фискалната одржливост, ефикасност и траспарентност на управувањето со јавни финансии беа главни теми на разговор на првата средба на министерката за финансии Нина Ангеловска и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
Од Министерството за финансии соопштуваат дека надворешно-трговска размена меѓу двете земји има растечки тренд. Во 2018 година бележи годишен раст од 9,3 проценти, со стоковна размена од 832,2 милиона евра, додека растот во првите седум месеци од 2019 година е поизразен и изнесува 43,8 проценти во споредба со истиот период од 2018 година. Во 2018 година извозот во Британија оствари годишен раст од 46,7 проценти, додека во периодот јануари – јули 2019 година изнесува 31,1 проценти..
Министерката Ангеловска и амбасадорката Галовеј,како што се наведува, се заложиле за продолжување на позитивниот тренд во размената и во таа насока во тек се преговори со Велика Британија за склучување билатерален договор за партнерство, трговија и соработка помеѓу Република Македонија и Обединето Кралство, кој ќе претставува продолжување на сегашниот договор за Стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Република Македонија, откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ.
Ново на Сител
-
Две пријателки кои патувале со лет од Париз криумчареле луксузни чанти во куфери
-
Мицкоски: Огромен профит на грбот на граѓанинот е неприфатливо и нема да биде толерирано
-
Кривична за поранешен помошник министер и раководител во МВР за незаконски јавни набавки
-
„Часовникот на судниот ден“: Светот е опасно блиску до пропаст
-
Лишени од слобода крадци во Пробиштип
-
Никотинските ќесички и понатаму главен тренд кај младите, а за ризиците по здравјето малку се знае
-
Шолц: Предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа е неприфатлив
-
Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји