Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка
Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите настрана, за да стане подобра мајка, за чија цел посетува и курсеви по готвење и слични туторијали.
Во интервју за списанието „Венити Фер", глумицата раскажува дека по Бред Пит, таа е насочена кон здравјето и нејзините деца.
- Всушност, сега се чувствувам повеќе жена, нагласи таа дополнувајќи дека сега на прво место и е семејството.
Последниот филм што таа го режираше е оној за режимот на Црвените Кмери во 70-те години на минатиот век, кој беше причина за над еден милион жртви. Светската дистрибуција, вклучително и преку Нетфликс, ќе се случи претстојниот септември. Освен тој филм, Џоли нема интерес да работи друг проект.
- Едноставно, сакам да направам закуска и да го оддржувам домот. Веќе девет месеци се обидувам да бидам навистина добра домаќинка, да чистам по кучето, да мијам чинии и (на децата) да им читам приказни за лека ноќ... Станувам се подобра во сите три работи, се пофали Џоли, додавајќи дека и децата „многу смело“ се носат со овој период.
Таа инаку го доби старателството над шесте деца и очекува конечна разврска на разводот со Бред Пит.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци