Џет-Сет
4. February 2016 - 14:39

Анџелика Кербер ја издаде „големата тајна“ за Ана и Бастијан

Германската тенисерка Анџелика Кербер ја откри „големата тајна“ на нејзината колешка Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.

Имено, во интервјуто за германскиот магазин „Бунте“ Кербер, која победи на недомна завршениот турнир Австралија Опен, најави дека српската тенисерка и германскиот фудбалер наскоро ќе се венчаат. 

- Ана и Бастијан меѓу првите ми ја честитаа победата во Мелбурн. Ана ми е една од најдобрите пријателки. Двајцата ми се многу слатки и затоа многу се радувам поради нивната свадба, изјави германската тенисерка со полско потекло. 

Таа сепак на време се сетила и ја прекинала приказната, па не ги обелоденила деталите за венчавката. 

- За жал не можам да ви кажам кога ќе биде организирана. Нека остане тоа слатка тајна, додаја Кербер.