Фудбал
4. October 2020 - 10:13

Анчелоти: Фудбалот е едноставна игра, топката е тркалезна

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти по денешната победа против Брајтон (4:2) во рамките на 4. коло од Премиер лигата, рече дека неговите играчи ги извршиле зададените задачи.

Брајтон се претстави добро. Но, и ние игравме добро. Делувавме ладно во одбрана и контриравме. Бевме успешни во сите компоненти и затоа заслуживме да победиме. Сега ќе има пауза од петнаесет дена, а потоа не чека фантастичен тест, најтежок е натпреварот против соседите.

За настапот на Хамес Родригез истакна:

Како што реков од самиот почеток, таквите мајстори немаат проблеми со адаптацијата. Фудбалот не е толку тежок. Теренот е секогаш ист, секогаш има 11 противници, топката е тркалезна, голот не се движи. Фудбалот е едноставна игра, ништо комплицирано.

Евертон по четири кола е прв на табелата со максимални 12 бода.