Спорт плус
17. February 2022 - 15:19

АМС: Направена е техничка грешка, ваучерот за Георгиевски е зголемен на 500.000 денари

Олимпиецот Дејан Георгиевски ќе добие ваучер од 500.000 денари што го доделува Агенцијата за млади и спорт, потврдил директорот на АМС Наумче Мојсовски за Слободен Печат.

– Се работи за техничка грешка, превид од комисијата задолжена за доделување на ваучерите. Немаше никаква намера, туку техничка грешка. Георгиевски добива ваучер од 500.000 денари. Комисијата ја утврди грешката и висината на сумата утврдена со ваучерот за Георгиевски е зголемена, изјави Наумче Мојсовски.