Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
За жителите на САД денеска стапи во сила забраната на „Тик-ток“, што претставува проблем за „инфлуенсерите“ кои практично ја изградиле својата кариера на оваа платформа, заработувајќи илјадници и милиони долари. Меѓу најпопуларните американски „тиктокерки“ се сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио, па нивниот татко Марк го осуди затворањето на оваа профитабилна платформа, како потег на американската Влада.
– Толку е не-американско нашата Влада да забрани нешто што беше суштински дел од животот на просечниот американски граѓанин – да има платформа за слободно изразување и заштита на нашите права според Првиот амандман, рече Марк за „Тајмс“. – Ние сме на „Тик-ток“ речиси пет години, а почнавме кога тоа сè уште беше во своите рани фази, па така успеавме да ги искористиме сите позитивни работи што ги добивме од него на други платформи.
Тој истакнува дека ова ќе биде голем удар за многу нови луѓе во оваа област, и може да го изгубат својот бизнис и голем број постојни и идни следачи.
– Ние сме благословени и среќни што имавме можност да бидеме поврзани пет години на „Тик-ток“. Повеќе сум загрижен за луѓето кои се нови и ја користеле оваа платформа за да ги развијат своите мали бизниси, јас сум загрижен и за малите креатори чиј приход зависи од „Тик-ток“, додаде тој.
– Ако Владата сака да нѐ заштити, дали ќе нѐ штитат и од другите платформи коишто можат да ни сервираат информации? Тогаш, треба да се забранат сите социјални мрежи, а не само „Тик-ток“, заклучи тој.
Инаку, според „Форбс“ Чарли Д’Амелио, која важи за „најследената“ Американка на „Тик-ток“ – со 156 милиони фанови, заработила дури 4 милиони долари само од 2019. до 2020 година. Лани, таа беше четврта на листата на „Форбс“ за најдобри креатори (и прва меѓу жените-креаторки на листата), со вкупна заработка од 23,5 милиони долари.
За потсетување, кинески „Тик-ток“ денеска е укинат за корисниците во САД. Популарната социјална мрежа се потпира на поддршката на Доналд Трамп, кој може да ја врати и да ја одржи легална во САД. Иако новиот претседател на САД претходно ја поддржа забраната на, неговиот став сега е поумерен. Трамп рече дека „Тик-ток“ игра важна улога во обраќањето до помладите луѓе и изрази надеж дека апликацијата ќе остане достапна.
Ново на Сител
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата во Стоби по повод 1700 од Првиот вселенски собор
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол