Американските медиуми го прекорија Трамп поради тврдењата дека победил на изборите
Американските медиуми го прекорија актуелниот американски претседател Доналд Трамп откако на телевизија во живо изјави дека победил на претседателските избори, иако пребројувањето на гласовите се уште трае.
Трамп пред новинарите и приврзаниците во Белата куќа истакнал дека е голема измама на нацијата што не бил прогласен за победник.
– Што се однесува до мене, ние веќе победивме, изјави Трамп.
Новинарка на Си Би Ес њуз истакна дека Трамп ги „кастрирал фактите“, лажно тврдејќи дека победил на изборите и ги обесправил милиони гласачи чии гласачки ливчиња не се преброени.
– Доналд Трамп моментно губи и на гласањето на народот и на гласањето на електори, а останаа уште многу држави во кои треба да бидат преброени гласовите, нагласи рано изутринава новинар од Еј Би Си њуз.
Асошиејтед прес за време на изјавата на Трамп објави дека тој освоил 213 електорски гласови, додека Бајден имал 225. АП тврди дека е многу рано за прогласување победник во неколку сојузни држави, вклучувајќи ги Пенсилванија, Џорџија и Мичиген.
Медиумите претходно предупредуваа дека Американците ќе мораат да бидат трпеливи, чекајќи ја одлуката во жестоката кампања меѓу Бајден и Трамп.
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано