Американскиот сенатор Рон Џонсон во посета на Приштина и Белград
Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“.
Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштина со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот.
Како што е објавено на интернет-страницата на косовскиот претседател, Тачи на средбата рекол дека работи на постигнување договор, кој ќе има позитивни ефекти врз регионот, но оти тешко ќе се постигне.
Џонсон вчера се сретна и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, со кого разговарал за ситуацијата во регионот.
Харадинај веста за средбата со Џонсон ја објави на својата страница на Фејсбук, наведувајќи дека Приштина е заинтересирана за постигнување оптимален правно обврзувачки договор со Белград.
Американскиот сенатор денеска пристигнува во дводневна посета на Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ.
Џонсон е член на Надворешнополитичкиот одбор на Сенатот и претседавач на Пододборот за Европа и регионална безбедносна соработка, а претседава и со сенатскиот одбор за внатрешна безбедност и владини работи. Тој треба да помогне во новата фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје