Американскиот Сенат ќе донесе резолуција за поддршка на Преспанскиот договор
Американскиот Сенат се очекува на почетокот на следната недела да усвои резолуција со која ќе се поддржат активностите на Македонија и на Грција во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа.
Ова на средбата на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на неколкудневна работна посета на Вашингтон му го соопштил сенаторот Рон Џонсон, кој воедно е претседавач и со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања при Сенатот на САД.
Како што соопшти СЕП, честитајќи на успехот на земјата, сенаторот Џонсон го известил Османи за неговата иницијатива, заедно со сенаторката Џеин Шахин. Во текстот на резолуцијата, која во драфт верзија му била предадена на Османи, меѓу останатото, се препорачува на Советот на ЕУ во јуни оваа година да ја потврди одлуката за почеток на преговорите. Како што посочил сенаторот, текстот на оваа резолуција се очекува да биде финализиран и ставен на дневен ред на Сенатот на почетокот од следната недела и да биде усвоена.
-Вистинска привилегија е партнерството на Македонија со САД, кое продолжува со несмалено темпо, за што САД може да смета на нашата заемја како на цврст сојузник во промоција на западните демократски вредности на Балканот, истакна Османи.
Претходно Османи учествуваше и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп. Во неговата денешна агенда беше и посета на Конгресот каде Османи имаше средба и со конгресменот Стив Стиверс, кој до јануари оваа година ја вршеше функцијата претседател на Националниот Републиканскиот комитет во Конгресот на САД. Централна посета на Конгресот беше средбата со новиот претседавач со Комитетот за надворешна политика во Конгресот на САД, Елиот Ејџел.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом