Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата и протестите во Турција во последните денови, објави американскиот Стејт департмент.
Британските медиуми пренесуваат дека на средбата со Фидан во Вашингтон, Рубио „го нотираше неодамнешниот напредок во билатералната трговија и го охрабри натамошното посилно економско партнерство“, рече портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
„Државниот секретар се сретна со турскиот колега на разговори за соработката за клучните безбедносни и трговски прашања. Рубио побара поддршка од Турција за воспоставување мир во Украина и Јужен Кавказ. Тој високо ја оцени водечката улога на Турција во Глобалната коалиција за поразување на ИСИЛ (групата Исламска држава) и повторно ја нагласи потребата од блиска соработка за поддршка на стабилна, обединета и мирна Сирија, која нема да биде ниту база за меѓународниот тероризам, ниту пат за дестабилизирачки дејствија од страна на Иран“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба