Американскиот дезертер Боув Бергдал поштеден од затворска казна
Американскиот дезертер Боув Бергдал нема да биде осуден на затвор, но ќе биде избркан од армијата на САД, реши денеска воениот трибунал.
Бергдал побегна од својата единица распоредена во Авганистан во 2009 година, по што беше заробен или пребегал кај талибанска група, во која остана до 2014 година.
Тогашниот американски претседател Барак Обама нареди пуштање на слобода на пет водечки исламистички команданти од затворот во Гвантанамо, во замена за ослободувањето на Бергдал.
Во октомври, Бергдал се изјасни како виновен откако беше обвинет за дезертирање од стражарското место и за недолично однесување пред непријателот, за што му се закануваше казна затвор до 14 години.
Случајот на Бергдал предизвика критики во САД, како поради ослободувањето на петте исламисти, така и поради тоа што најмалку шест војници биле убиени додека се обидувале да го лоцираат и ослободат Бергдал од талибанците.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз