-->
-->
Американски воен авион се урна во Невада
-->
Авион на Военото воздухопловство на САД од типот Ф-16 се урна во американската сојузна држава Невада, при што загина пилотот на леталото.
Како што соопшти американската армија, авионот се урнал за време на вежбовен лет.
Причините за падот на авионот засега не се соопштени.
Ова е трет инцидент на американско воено летало оваа недела. Четворица маринци загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужниот дел на Клаифорнија во вторникот, а истиот ден претходно се урна и авион од типот АВ-8Б Хериер на американската Воена морнарица, набрзо по полетувањето од аеродромот во Џибути
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?