Американски разурнувач вплови во Црното Море
– Ракетниот разорувач УСС „Арли Бурк“ (ДДГ-51), водечки брод од оваа класа американски разурнувачи, вплови во Црното Море, соопшти американската морнарица.
– Додека е во Црното Море, разурнувачот на американската морнарица ќе дејствува заедно со сојузниците и партнерите на НАТО во регионот, работејќи заедно за да се обезбеди безбедност и стабилност на овој витален меѓународен пат, се вели во соопштението на Шестата флота на американската морнарица.
Силите на Црноморската флота потврдија дека почнале да ги следат движењата на американскиот разурнувач, а руското Министерство за одбрана неодамна предупреди на активни операции на бродска група на американската морнарица и на извидувачки летови на НАТО во северозападниот дел на Црното Море.
На почетокот на месецов командниот брод на американската морнарица „Маунт Витни“ вплови во Црното Море, што предизвика бурни реакции од официјална Москва. На тоа реагираше и рускиот претседател Владимир Путин.
– Како што знаете, американскиот воен брод сега влезе во Црното Море. Тоа може јасно да се види преку двоглед или преку нишан на соодветен одбранбен систем, рече тогаш Путин.
Ново на Сител
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан